Zalihi (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 8
Залихи – Зло без кое не се
може или се може
Залихите претставуваа количина на стоки и
материјали кои бизнисот ги има во својот магацин. Но, зошто се потребни
залихите? Дали се потребни залихите? Дали залихите обезбедуваат поефикасно и
поефективно работење на бизнисот? Дали залихите претставуваат сигурност на
бизнисот? Какво влијание имаат залихите врз финансиите на бизнисот? Сето ова се
прашања за кои секој претприемач мора да ги знае одговорите. Ќе се обидеме
накратко да дадеме одговор на овие прашања. Навистина залихите претставуваат
нешто без што не се може од една страна, но од друга страна постојат голем број
на факти кои велат дека може да се работи и без залихи и од тоа бизнисот само
ќе има поголема корист.
Негативности на залихи
Без оглед дали се работи за производствено
претпријатие (фабрика), услужно претпријатие или се работи за трговија секое од
овие претпријатиа мора да држи одредени залихи. Тоа се суровини, материјали,
резервни делови, готови производи… Секоја залиха со себе носи трошоци.
Врзани финансии
Како прво се врзуваат финансии кои би можеле да
се употребат за други цели. Парите претставуват крвоток за секој бизнис, а со
големите залихи го загрозуваме тој крвоток. Дури тие пари да не се користат за
бизнис, може да се дадат под камата (бидејки парите се секогаш барана стока) и
така дополнително да се заработува.
Магацински простор
Следниот проблем е чувањето на залихите.
Потребно е да се обезбеди магацински простор. Доколку немаме магацински простор
ќе треба да го изнајмиме што претставува дополнителен трошок (а зошто да не
изнајмуваме магацинскиот простор и со тоа да си овозможиме дополнителна
заработка). Магацинскиот простор мора да поседува пропишани димензии. Понатаму
магацинскиот простор треба да биде соодветно изграден да не дојде до оштетување
на залихите. Обезбеден, да не може да дојде лесно до крадење. Доколку постои
можност за кражба потребно е да се обезбеди чуварска служба. Понатаму залихите
можат да бидат загрозени поради елементарните непогоди земјотреси, поплави,
пожари, оштетување при транспорт, влијание од штетниците… На пазарот може да се
појави иста стока по пониски цени, стоката може да излезе од мода, може да
помине рокот на траење и ред други негативности.
Сите овие причини ги терат менаџерите и
претприемачите да се позанимаваат малку повеќе со проблематиката на залихите.
Во тој поглед најдалеку отидоа јапонците кои преку системите JIT (Just in Time
– точно на време), TQC (Total Quality Control – Севкупна контрола на квалитет)
и други методи при што набавка на залихите е комплетно контролирана и водена од
пазарот. Во некои случаи се изведува и непосредно пред да започне монтажата
доколку се работи за производствено претпријетие.
Па сега требаат или не требаат?
Сепак залихите во некои случаи мора да
постојаат. Тие не треба да се преголеми, ниту премали за да не би дошло до
пореметување на производствениот процес. Во однос на малопродажбата со премали
залихи не би можело целосно да се задоволат потребите на купувачите. Значи
залихите теба да бидат оптимални и да ги задоволаат вистинските потреби на
бизнис процесите. Како што веќе споменавме, ако залихите се преголеми се
јавуваат финансиски трошоци.
---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com
besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!